Ракометарите на Борец ја забележаа втората победа во првенството. Во рамките на осмото коло во Првата ракометна лига тие беа подобри од екипата на Шампион од Скопје со резултат 22:30, полувреме 10:12.
Домаќините започнаа подобро, и имаа континуирана преднос од гол, два, се до 19 минута кога по тајм аутот на Тодоровски Борец преку Сиљанов го превзема водството. Од тука на теренот имаше само една екипа, а тоа беше Борец.
-Содржината продолжува под рекламата –
На почетокот на второто полувреме со серија од 4:0 Борец направи одлично водство од шест гола кое беше недостижно за Шампион, и до самиот крај немаше сили за изненадување. Најефикасни кај Борец беа Ристов со шест и Стојанов со пет постигнати погодоци.
Можеби ќе ве интересира: