Фудбалерите на Борец 1919, со пресврт во вториот дел го совладаа составот на Саса од Македонска Каменица со 3:1. Овој натпревар беше генерка пред стартот на пролетниот дел каде Борец ќе им атешка задача да обезбеди опстанок во Втората фудбалска лига.
Пред само 30 гледачи на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, фудбалерите на Борец 1919 потполно го надигра гостинскиот состав. Ја имаа иницијативата скоро во текот на целиот натпревар. Сепак гостите од Македонска Каменица први дојдоа во водство во 32 минута преку Мартин Димовски.
Во вториот дел домашниот состав одеше на се или ништо. Како резултат на иницијативата дојде до израмнување во 55 минута преку Флорент Османи. Истиот играч во 75 минута доведе водство за домашниот тим, а новото засилување на тимот, Бујар Хајдари, од пенал во 80 минута, го постави конечниот резултат 3:1.
Пролетниот дел во Втората фудбалска лига на Македонија започнува следниот викенд, а изабраниците на Горан Симов, во првото коло ќегостуваат во Куманово, на екипата на Башкими.