Ракометниот клуб Борец почна да се екипира за претстојната сезона. Денес тие го претставија Борис Ристовски како прво засилување.
Тој доаѓа од Вардар Неготино, каде настапуваше во претходната полусезона. Инаку бил и дел од суперлигашот Тиквеш од Кавадарци. Се работи за 22 годишен играч кој игра на позицијата среден бек и ќе претставува големо засилување за велешкиот прволигаш.
Инаку амбициите на клубот се пласман во плеј офот од Првата ракометна лига, за таа цел се преговара со уште нови играчи што ќе го носат дресот на Борец.
Можеби ќе ве интересира: