Борисов: Го повикувам колегата Мицкоски, тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа

Bojko Borisov

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го повика претседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да си ги измери зборовите по изборите во Македонија.

Zito akcija 640x289px

„Го повикувам колегата Мицкоски , тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за неговиот успех, но со оваа реторика ја видовте целата бугарска политичка класа запалена. Ако сака добрососедство имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните“, рекол Борисов во Бургас за време на предизборен настан.

Agria

Идниот премиер Христијан Мицкоски го заостри јазикот против Бугарија, па дури и коментира дека ќе чека поразумен премиер со кој ќе може да разговара.

Ова следува откако премиерот на Бугарија Димитар Главчев рече дека Бугарија нема да прави отстапки во однос на Македонија.

Можеби ќе ве интересира: