Браќата Јовеви од Велес истрчаа 42 километри на Љубљанскиот маратон

Браќата Александар и Стефан Јовеви се единствените велешани кои учествуваа и успешно го завршија познатиот Љубљански маратон, кој пред два дена (20.10.2024) се одржа во главниот град на Словенија. 25-годишниот Александар и пет години помладиот Стефан трчаа на најдолгата патека од 42 километри и ја завршија со време од 3 часа, 29 минути и 2 секунди.

Zito akcija 640x289px

Тие на целта влегоа развејувајќи го македонското знаме, што беше бурно поздравено од гледачите на улиците на градот на трите моста. Браќата Јовеви зад себе веќе имаат три учества на Скопскиот маратон, а партиципирањето на еден од најголемите маратони во Европа, на кој трчаа вкупно 15.267 маратонци, е досега врвот во нивната аматерска спортска кариера.

Agria

Идејата за учество била на помалиот од браќата Јовеви, Стефан, кој е студент во словенечкиот пристаништен град Копер. Неговиот брат Александар без размислување ја прифатил и допатувал во Љубљана.

Љубљанскиот маратон се одржува од 1996 година, а годинава се одржаа три трки, на 10 километри, на која трчаа 6148 маратонци, на 21 километар, на која учествуваа 6238 тркачи и најтешката – на 42 километри, на која се пријавија 2001 учесник, меѓу кои и нашите Александар и Стефан Јовеви.

Погледнете ја галеријата со фотографии од нивното учестов на маратонот

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: