„БРАКО“ помогна во подготовка на новиот пункт на МВР за издавање лични документи без закажување

paravani-na-mvr-za-pasosi-od-brako-noemvri-2023-1-1

БРАКО изработи и донираше 20 паравни за позициите за фотографирање во новиот пункт за издавање лични документи, кој МВР  го отвора во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

БРАКО изработи 20 комплети на паравани од челични профили и исполна од лесонитни табли, целосно во мат бела боја, соодветна на потребите за фотографска позадина. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Вработени на БРАКО ги монтираа параваните вчера, во пунктот во полициската станица во Кисела Вода, а дел од нив МВР ќе постави и во друг пункт.

Параваните беа изработени во рок од три дена и за таа потреба беше запрено производството во еден дел од фабриката,  се со цел да се одговори на потребата на државата за брзо доопремување на пунктот и негово отворање во следните денови и да им се овозможи на граѓаните полесно и навреме да ја поминат задолжителната  процедура.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: