Британка се лекува од коронавирусот 130 дена

bolnica Bergamo 997x485

Државјанка на Велика Британија се бори со коронавирусот 130 дена, објави „Дејли Меил“. Британката Фатима Бридал го поминала целото време во болница, бидејќи била на механичка вентилација 105 дена.

Zito akcija 640x289px

Бридал се заразила додека била на патување во Мароко. На почетокот на март, 35-годишната жена се вратила во Велика Британија со првите симптоми. Неколку дена подоцна се тестирала, резултатите биле позитивни на Ковид-19.

Agria

Подоцна, состојбата и се влошила и не можела да дише самостојно. Таа била пренесена во одделението за интензивна нега и ставена на механичка вентилација. Бридал паднала во кома 40 дена. Жената почнала да развива пневмонија и сепса. Лекарите успеале да го обноват капацитетот на белите дробови на едвај 40 проценти.

Таа во моментов не е во состојба да се движи поради слабост на мускулите. Користи количка за одење, но се надева дека вежбањето ќе и помогне во обновата на мускулите.

Обединетото Кралство беше потешко погодено од другите европски земји од Ковид-19 и се наоѓа на деветтото место во светот по бројот на заразени – над 296 илјади луѓе. Повеќе од 45.000 од нив починале.

Извор: libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8692/se-zgolemuva-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-vo-svetot/