Двајца новозаразени велешани регистрира Институтот за јавно здравје, а во цела држава бројката изнесува 76.
Најмногу има во Скопје 52, Тетово 14, Куманово и Гостивар по два нови случаи, а по еден во Штип, Кочани, Пробиштип и Кратово.
Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.