Бројките на новозаболени од ковид-19 во Велес се намалуваат

veles nova 997x485
veles nova 997x485

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани пет нови случаи на ковид-19, а оздравени се регистрирани 19 пациенти. Двајца пациенти на 58 и 71 годишна возраст се починати. Бројот на активни случаи во Велес е 511

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Agria

Регистрирани се 305 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 36 починати лица: 11 од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), 5 лица од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), 3 лица од Куманово (68г, 79г и 84г) по 2 лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 01-17.04.2021.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: