Бројот на активни случаи во Велес се намалува, и денес повеќе оздравени од заразени со ковид-19

bolnica veles

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани нови 19 случаи на ковид-19. Оздравени се 35, бројот на активни случаи во Велес е 635.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје – 155, Битола – 52, Куманово – 47, Прилеп – 27, Струмица – 25, Охрид – 21, Тетово и Велес – по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница – по 10, Гостивар и Струга – по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Валандово – 2, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 905 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 33 починати лица: 15 од Скопје (47г , 52г , 56г , 63г , 68г , 68г, 70г, 77г , 78г , 84г ,84г, 84г, 84г, 85г и 91г), 5 од Прилеп ( 59г, 68г, 75г, 78г и 87г), 3 од Охрид ( 74г, 76г и 87г ), по 2 од Куманово ( 56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по 1 починат е пријавен од Битола (65г), Гостивар (81г), Штип (80г), Свети Николе (67г), Кавадарци (80г) и Демир Хисар (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20228/se-namaluva-brojot-na-paczienti-so-koslorodna-poddrshka-vo-veleshkata-bolnicza/