Намалување на невработените лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување е регистрирано за месец јули. Според најновите податоци невработени се 98.976 граѓани, додека 46.291 лица исто така бараат работа.
Содржината продолжува под рекламата
Ако се погледнат податоците ќе се забележи дека во фебруари бројката на невработени била 106 илјади додека во јули таа паѓа на 98 илјади или за само неколку месеци има пад од речиси 8 илјади лица.
Содржината продолжува под рекламата
И кај бројот на лицата кои се водат како баратели на работа, има осцилации, и постепено намалување, но не толку големо. Кај нив најголем број пријавени во Агенцијата имало во март и тоа 47.452, по што бројот постепено се намалувал.
Можеби ќе ве интересира: