Бројот на новозаболени велешани полека се зголемува. Денес се регистрирани 14 нови случаи на ковид-19, оздравени се шест. Сепак борбата со коронавирусот ја изгуби 73 годишен велешанец кој е 114 е жртва на ковид-19 од почетокот на пандемијата. Бројот на активни случаи во Велес е 235.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 412 оздравени пациенти , пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.
Можеби ќе ве интересира: