Од почетокот на пандемијата на коронавирус починати се најмалку 30 883 луѓе во светот, од кои дури две третини се во Европа, покажуваат податоците на „ Worldometers“ утрово.
На повеќе од 660 000 луѓе е официјално дијагностициран коронавирусот во 183 земји. Од нив, 142 000 биле излечени до денес.
Бројот на дијагностицирани во целост не ја отсликува реалната слика, бидејќи многу земји ги тестираат само случаите примени во болница.
Според податоците собрани последното денонокие, потврдени се 3417 нови смртни случаи и 68 734 новозаразени ширум светот.
Најмногу починати сеуште има во Италија, каде бројката надмина 10 000 смртни случаи, или 889 нови смртни случаи во последните 24 часа.
Следува Шпанија со 5690 смртни случаи или само во последните 24 часа има нови 832, и овие две земји сочинуваат скоро три четвртини од сите смртни случаи во Европа. Франција има 2314 мртви и 37 575 заразени. Велика Британија го надмина бројот на илјада мртви, како и Грција. Кина има 3295 мртви и 81 394 заразени, а потоа следува Иран со 2517 мртви и 35 408 заразени.
САД досега официјално потврдија 115 547 заразени, од кои 1891 починале, а 921 се излечиле.
Од петок до сабота во исто време, Брунеи, Того, Шри Ланка, Катар и Јордан ги објавија првите смртни случаи предизвикани од коронавирус на нивната теритторија.