Бројот на заразени во еден ден надмина илјада, во Велес 50

infektivno veles
infektivno veles

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се потврдени нови 1085 случаи на Ковид-19 во земјава. Во Велес бројката на заразени пациенти во изминатите 24 часа изнесува 50 пациенти.

Zito akcija 640x289px

На ниво на целата држава состојбата изгледа вака:

Agria

Скопје 447-Куманово 69-Дебар 9-Штип 39-Прилеп 60-Тетово 62-Струга 14-Велес 50-Битола 28-Охрид 18-Кавадарци 20-Гостивар 35-Гевгелија 29-Струмица 80-Крива Паланка 10-Радовиш 9-Крушево 3-Кочани 13-Пробиштип 10-Демир Хисар 2-Македонски Брод 1-Берово 2-Валандово 6-Виница 4-Делчево 10-Кратово 4-Свети Николе 5-Кичево 30-Ресен 4-Неготино 12.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрира 228 оздравени пациенти од:

Скопје 142-Куманово 8-Штип 7-Прилеп 11-Тетово 21-Велес 6-Битола 13-Кавадарци 18-Гостивар 6-Гевгелија 9-Струмица 11-Крива Паланка 1-Радовиш 1-Крушево 1-Кочани 7-Пробиштип 1-Берово 1-Валандово 2-Виница 1-Свети Николе 1-Кичево 10-Неготино 5.

За десетина дена во велешката болница починаа 15 пациенти, а вкупниот број починати е 29 велешани.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: