Бурни реакции во јавноста за вевчанскиот крст, со осуда се јави и Бигорскиот манастир

Bigorski Manastir
Bigorski Manastir

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што пишуваат, исмевањето на Господ.

Zito akcija 640x289px

„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд. По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, се вели во реакцијата од Бигорскиот манастир.

Agria

Бурни реакции и во јавноста предизвика имитацијата на каде маж облечен како Исус, врз грбот носеше крст направен од повеќе пивски гајби.

Социјалните мрежи вријат. Сите ја осудија ваквата постапка.

„До ова ли дојдовте!? Да Го исмевате Оној, Кој заради нас беше распнат и крстот за потсмев да го користите!?“, „Прости им Боже, не знаат што прават!“, „Сквернавење на свети симболи и повреда на верски чувства треба исто така да подлежи на казни и санкции“, се само дел од коментарите на ФБ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: