Викендов ќе се одиграат натпреварите од последното есенско коло во Првата македонска футсал лига. Екипата на КМФ Кеги Моби есенскиот дел ќе го затвори со гостување во Скопје кај екипата на КМФ Бутел 2022.
Овој натпревар е дерби на дното на табелата. Бутел е последен на табелата со освоени три бода, додека велешани се веднаш пред нив со освоени пет бода. По минатонеделната победа над Железарец, велшкиот состав очекува да го зголеми бодовното салдо пред почетокот на пролетниот дел.
Натпреварот ќе се одигра утре (сабота) во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје со почеток од 17 часот и 30 минути. Еден натпревар од последното коло веќе се одигра во кој Јувентус Серава направи изненадување совладувајќи го Проект со резултат 2:1.