Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон покрај неговото тело.
Од МВР потврдија дека 67-годишникот бил најден мртов околу 19 часот покрај паркиран автомобил „лексус“, со скопски регистрации и крвавел во пределот на главата.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите.
Засега нема информации дали се работи за убиство или самоубиство.
Радомировиќ е основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, која пропадна во 2005 година поради неликвидност.
Можеби ќе ве интересира: