Чешките власти од 25 октомври ќе воведат забрана за влез на Русите со шенген визи кои доаѓаат од која било друга земја на ЕУ за туризам, спортски или културни настани, најави на прес-конференција министерот за надворешни работи Јан Липавски.
Според податоците на чешкото Министерство за надворешни работи, во таа земја секојдневно преку меѓународните аеродроми пристигнуваат околу 200 руски државјани, пренесува Интерфакс.
Балтичките земји и Полска на 19 септември го блокираа пристапот на туристите од Руската Федерација.
Властите на овие земји ги сметаат сите руски туристи за безбедносен ризик.
На 30 септември Финска ја затвори границата за руските туристи,пренесе Блиц.рс.
Можеби ќе ве интересира: