Четири нови случаи на ковид-19 во Велес, активниот број на случаи е 332

Veles Noemvri 2021

По вчерашниот ден кога беа регистрирани 50 нови случаи на ковид-19, денес се регистрирани само четири, оздравени се двајца пациенти, а една пациентка на 72 годишна возраст е почината во Модиларната болница. Бројот на активни случаи во Велес е 332.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип –  по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 111 оздравени пациент, Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15  починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од  Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатотот лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: