Четири пациенти починаа од последиците на коронавирусот во последните 24 часа во велешката болница. Најмладиот е пациент од Велес на 48 годишна возраст и имал карцином на белите дробови, 57 годишна пациентка од Чашка и двајца пациенти од Свети Николе на 61 годишна возраст и 79 годишна возраст.
Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница се зголемува и во моментов изнесува 62 пациенти што е за четири пациенти помалку од вчерашниот ден. На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Од нив, 55 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, и шест пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 56 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат шест пациенти. Во последните 24 часа испишани се шест пациенти, и хоспитализирани се шест пациенти.
Можеби ќе ве интересира: