Дири 38 велешани се казнети во последното деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита. Од 20.00 часот (18.04.2021) до 05.00 часот (19.04.2021) констатирано е дека во Велес четири лица не ја почитувале забраната за движење,
“Во период 18./19.04.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 48 лица, и тоа 38 во Велес, шест во Кавадарци и четири во Неготино. Против лицата ќе следуваат соодветни мерки. Во овој период има евидентирано шест случаи за непочитување на забраната за движење, и тоа, четири во Велес и два во Неготино”, соопштија од СВР Велес.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Можеби ќе ве интересира: