Футсал екипата на Кеги Моби, на крилјата на Петар Левков, кој постигна четири погодоци, ја забележа четвртата победа во првенството совладувајќи ја екипата на Карадаку со 8:3.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите со головите на Даути имаа водство од 0:1 и 1:2, но со двта гола на новото засилување на велешани, Блажевски и Левков, на полувреме се замина со предност на Кеги Моби од 3:2.
Содржината продолжува под рекламата
Ристовски со голот во 27 минута донесе водство од 4:2, за Кеги Моби, а Нуредини во 29 минута ја врати неизвеснота на натпреварот. На сцена стапи Левков кој со три погодоци, и еден на Блажевски го поставија конечниот резултат.
По 11 одиграни кола, Кеги Моби се наоѓа на шестата позиција со 12 освоени бода. Во наредното коло велешани гостуваат кај екипата на Бутел, кој ова коло ремизираше со Железарец и се наоѓа на седмата позија на табелата.
Можеби ќе ве интересира: