Цената на дизелот порасна за 2,5 денари

benzin

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година.

Малопродажните цени на дизелот и нафтата за домаќинства се зголемува за 2,50 денари по литар, а цената на мазутот се зголемува за 1,14 денари по килограм. Цената на бензините останува иста.

Agria

Според одлуката, цената на дизелот од полноќ ќе изнесува 70,00 денари по литар колку што ќе биде и цената на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 денари по килограм и ќе изнесува 40,928 денари по килограм. Цената на бензинот од типот „еуросупер -95“ останува 76 денари по литар, а на бензинот „еуросупер-98“ останува 78 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: