Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од вечер на полноќ се зголемува цената само на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), додека цената на бензините и на дизелот останува иста.
Според оваа одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 81,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 83,5 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 82,5 денари/литар, а Мазутот М-1 НС и натаму ќе чини 51,599 денари/килограм.
Содржината продолжува под рекламата
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2 денари и сега ќе се продава по 82,5 денари/литар.
Можеби ќе ве интересира: