Цената на нафтата порасна за над 10 отсто

gas
gas

Цената на природниот гас во Европа денеска се намали за 5,05 отсто, покажуваат податоците на Лондонската берза ИЦЕ.

Гасот за испорака во ноември во центарот ТТФ во Холандија се тргуваат по 148,23 евра за мегават час или за околу 1.440 долари за 1.000 кубни метри. Утрово берзата беше отворена на 148,25 евра за мегават час, потоа забележа пад на 144 евра за мегават час, по што цената се врати и достигна 166 евра за мегават час.

Agria

Во петокот вечерта берзата затвори со цени од 156,21 евро за мегават час, околу 1.520 долари за 1.000 кубни метри.

Податоците од берзата укажуваат дека од 28 септември до сега е забележан тренд на постепено намалување на цената на природниот гас во Европа. Цената на гасот својот максимум го забележа на 26 август – 346,52 евра за мегават час или околу 3.500 долари за 1.000 кубни метри.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: