Цената на нафтата вртоглаво порасна, достигнат рекорд од 2012 година

nafta omikron
nafta omikron

Цената на енергенсите денеска ги надмина нивоата и од кризата во 2012 година. Нафтата денеска на берзите се продаваше и по цена и од 119 долари по барел, што е ниво од  2012 година. Цената се менува од час во час.

Zito akcija 640x289px

Вчера цената на јагленот достигна рекордни 400 американски долари за тон. Цената на гасот во Германија надмина 3.000 долари, а цената на гасот во Европа над 2.000 долари за илјада кубни метри. Исто така, цената на пченицата во Франција достигна рекордно ниво од 367,75 евра за тон.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Русија, инаку, е еден од најголемите снабдувачи со енергенси во светот. Таа е втор најголем извозник на сурова нафта на планетата, по Саудиска Арабија, и најголем извозник на природен гас, далеку пред второпласираниот Катар. 40 отсто од вкупните испораки на гас и 30 отсто од испораките на нафта во Европа пристигнуваат од Русија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: