Денешната бројка од 12 нови случаи позитивни на ковид 19 ги вознемири велешани. Сепак како што пренесува Телевизија Здравкин, направена била грешка при преносот на информации со Институтот за јавно здравје.
Телевизија Здравкин пренесе разговор со д-р Бојан Тодоровски, од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, каде тој ја известува јавноста дека е направена грешка и дека не се регистрирани 12 , туку само три нови случаи. Според д-р Тодоровски, станува збор за грешка при преносот на информации со Институтот за јавно здравје, бидејќи во Центар за јавно здравје Велес, доаѓаат граѓани и од други градови за да се тестираат за присуство на ковид – 19.
Трите нови случаи на ковид-19 на територијата на Велес и велешко, се заразени на своето работно место во други градови.
Можеби ќе ве интересира: