Црн ковид биланс во Велес, тројца починати и нови 27 случаи на ковид-19

Veles Juli 2021 zolto ambulantno vozilo

Црн ковид биланс во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство денес се регистрирани нови 27 случај на ковид-19. Оздравени се 11 пациенти, а тројца велешани се починати. Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 333, со што е на трето место по број на активни случаи во Македонија.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24480/do-15-chasot-vo-veles-glasale-3461-otsto-od-glasachite/