Црвена Звезда пак ќе игра во Евролигата

kk crvena zvezda

Екипата на Црвена Звезда дефинитивно ќе игра во Евролигата и следната сезона. Се чека само на официјалната потврда од челниците на елитното натпреварување, а конечниот список на екипите-учеснички треба да биде објавен на 29 јуни. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минатите денови многу се пишуваше околу евентуалното неучество на Звезда во Евролигата, но се чини дека дојде крајот на сите шпекулации. Српски „Телеграф“ пренесува дека белградскиот гигант официјално ќе добие таканаречена „вајлд-карта“ од Евролигата, за која била уплатена сума од 500.000 евра. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се чека само официјалното соопштение кое треба да биде објавено во текот на следниве денови, па така навивачите на „црвено-белите“ ќе можат да уживаат во настапите на нивните миленици во елитата и следната сезона. Според „Телеграф“, единствена непознаница останува само дали екипата на Валенсија ќе го продолжи своето учество во Евролигата или нејзиното место ќе го земе тимот на Турк Телеком Минатата година Партизан на истиот начин обезбеди учество во елитниот ранг, а во следната сезона Србија повторно ќе има два претставника во најпрестижното европско клупско натпреварување. Црвена Звезда ќе има значително променет тим следната година, а прво засилување би требало да биде Дејан Давидовац кој ќе пристигне од Цска Москва, каде тренер е нашиот Емил Рајковиќ. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39230/veleshaneczot-gigov-i-so-45-godini-ke-go-brani-golot-na-paok-vo-grczija/