ЦУК: Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни

Pozar Bruseani Kavadarecko
Pozar Bruseani Kavadarecko

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои, според вечерните и утринските информации, три сѐ уште се активни, шест се под контрола и 14 се изгаснати.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Трите пожари на отворено, што сѐ уште се активни, се лоцирани во Општина Македонски Брод, во пределот меѓу селата Тажево и Брезница на кракот кон Националниот парк Јасен, вториот активен пожар е на територија на две општини, Општина Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реон кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини, во Општина Дојран и Општина Богданци во реонот кај селото Фурка во правец кон Богданци.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Шест од пожарите на отворен простор се под контрола и тоа два во Општина Охрид на планината Галичица и помеѓу селата Косел – Расино – Опеница – Вапила и по еден во Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод кај село Слатина, во Пласница кај село Латово кој е сѐ уште активен, а оној кај Пласница е изгаснат и во Делчево каде што гори депонијата.

Според информациите на ЦУК, изгаснати се 14 пожари на отворено во општините Кичево, Брвеница, Боговиње, Гостивар, Богданци, Прилеп, Неготино, Старо Нагоричане, Василево, Валандово, Студеничани, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: