ЦУК: Од Контролата за летање е пријавен аларм за авион со технички проблем

prelet avioni skopje
prelet avioni skopje

Центарот за управување со кризи извести дека од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем.

Zito akcija 640x289px

„По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот“, велат од ЦУК.

Agria

Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми, велат од ЦУК, па додаваат дека истата информација е потврдена и од Контрола на летање.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: