ЦУК: Спасени се 4 лица, залутани по клисурата на Пчиња

Spaseni zalutani kaj Pcinja

Спасени се трите лица кои заедно со седумгодишно дете вчера планинарејќи, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Оттаму велат дека тројцата планинари со детето биле спасени доцна во ноќта, после полноќ, со помош на тим на спасители на вода од доброволно друштво од Велес со кое ЦУК соработува за вакви ситуации, кои некаде кај Катланово се спуштиле во реката Пчиња, за да ги префрлат планинарите од другата страна на брегот, под самиот автопат Скопје-Велес. Акцијата за спасување, како што посочуваат од ЦУК завршила успешно и лицата безбедно биле качени на автопатот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Спасителите беа од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“, заедно со припадници на САЕ „Тигар“. По реката спасителите наишле на многу препреки, па на неколку места чамецот го пренесувале на раце, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеле. Студенилото, мракот и влажноста дополнително ја отежнувале потрагата, а залутаните лица имале само лесна дневна облека, маички по кратки ракави.

Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасувачката акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: