Вчера на територијата на Македонија имаше вкупно 39 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола е еден и изгаснати се 33, информираат од Центарот за управување со кризи.
На планината Мукос, Општина Чашка, кај селото Степанци сѐ уште гори мешана шума.
Ниска вегетација и нискостеблеста шума гори кај селото Црвена Вода, Општина Студеничани. Во оваа општина има пожар и кај селата Љубош и Горно Количани.
Гори сува трева и нискостеблеста шума кај Штип, помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали. Во Општина Лозово, кај селото Дурфулија гори борова шума.
Пожарот на планината Галичица и натаму се води како пожар под контрола.
Можеби ќе ве интересира: