Да не се ставаат сите лекари во ист кош, апелира Лекарската комора по протестите за онкологија

lekarska komora
lekarska komora

Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но истовремено ги осудува обидите сите доктори да се стават во ист кош како виновници за последните случувања, нарекувајќи ги „убијци“.

Zito akcija 640x289px

По протестот кој беше оддржан поради кражбата на лекови на Клиниката за онкологија, од лекарската комора велат дека со етикетирањето на сите лекари се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна поповолен исход на лекувањето.

Agria

Од тука преку соопштение истакнуваат дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата која му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Брааат максимални санкции доколку се докаже во постапката дека дел од лекарите биле вклучени во злоупотреби на онколошката терапија.

Лекарската комора апелира да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: