Дефанзивец од Нови Пазар е најновото засилување на Борец

Adnan Islamovik

Во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Борец на својот фејсбук профил се пофали со нов играч. Станува збор за 24 годишен дефанзивец Аднан Исламовиќ од Србија кој ја покрива левата страна.

Исламовиќ инаку е некогашен член на Партизан, потекнува од школата на овој клуб, игра за Телеоптик но не добива шанса за поголема минутажа во редовите на „црно – белите“ и постојано е праќан на позајмица, најчесто во Нови Пазар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Борец пролетната полусезона ја отвара во Автокоманда против екипата на Скопје, натпревар кој ќе се одигра во недела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: