Делегацијата на МПЦ-ОА пристигна во Софија

Делегацијата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, пристигна во Софија, за опелото на блаженоупокоениот бугарски патријарх Неофит.

Zito akcija 640x289px

Во состав на делегацијата се митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар, Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј и Брегалнички Иларион.

Agria

Пред зградата на Светиот Синод на БПЦ делегацијата беше пречекана од митрополитот Старозагорски Кипријан, пренесува Литургија.мк.

Писмо со сочувство за упокојувањето на бугарскиот патријарх Неофит, до Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква, вчера упати поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: