На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Тој 8 септември на гласање излегоа 1.132.595 граѓани. Огромно мнозинство мнозинство од нив 1.079.308 или 96,46 проценти гласаа ЗА и позитивно одговорија на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. ПРОТИВ беа 39.639 или 3,54 проценти.
Содржината продолжува под рекламата
Во триденециниското постоење државата смени три имиња, помина низ воен конфликт, низ ембарго, имаше атентат врз еден претседател и друг загинат во авионска несреќа, помина низ инфлација, приватизација, вето, промена на Устав, бегалска криза, смени на политички партии ….
Содржината продолжува под рекламата
Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември.
Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.
Можеби ќе ве интересира: