Со натпреварите од првото коло, започнува Третата фудбалска лига – Југ, во која ќе се натпреваруваат екипите на Превалец и Башкими од село Јаболчиште.
Содржината продолжува под рекламата
Башкими како шампион на Општинската лига на ОФС Велес обезбеди пласман во Третата лига, е дебитант во лигата и во првото коло на домашен терен го пречекува составот на Росоман. Превалец е долгогодишен учесник во лигата и секогаш при врвот, а тие својот поход во лигата ќе го започнат со гостувањето во крушевското село Бучин.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло се среќаваат Бучин- Првалец, Башкими – Росоман, Ултрас – Младост Кривогаштани, Марена – Обршани, Влазними Јуниор – Венец, Дреново – Слога Лажани, и Питу Гули – Големо Коњари. Натпреварите започнуваат во 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: