Со натпреварите од првото коло, денеска од 15 часот започнува новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ. Во ова натпреварување настапуваат двете велешки екипи Борец и Превалец.
Содржината продолжува под рекламата
На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, Борец ќе го пречека составот на Бучин, додека екипата на Превалец е слободна во првото коло. На останатите натпревари ќе се сретнат, Питу Гули- Марена, Големо Коњари – Росоман, Младост – Слога, Ултрас – Локомотива.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку фудбалерите на Превалец вчера одиграа уште еден контролен натпревар во кои доста ефикасни. На гостински терен го совладаа тимот на Чашка со 1:6. Стрелци беа Давитков Иванче, Ѓорѓиевски Живко, Маневски Кристијан, Стојанов Пеце и два погодока постигна Секуловски Давид.
Можеби ќе ве интересира: