Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. На места, особено попладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 30 степени, а вредноста на УВ зрачењето ќе биде 6.
И за утре се очекува случно време. Ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. На повеќе места, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе се движи помеѓу 21 и 30 степени.
До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Можеби ќе ве интересира: