Денеска повторно промена на цената на нафтените деривати

pumpa-benzinska

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Zito akcija 640x289px

Одлуката, како што изјави портпаролката на РКЕ Марина Узинов, ќе биде соопштена во текот на денот.

Agria

„Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе одлука која ќе биде на сила од 00:01 часот (на полноќ) 18.03.2022“, изјави Узунов.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

Инаку, малопродажните цени од синоќа на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 5,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 6,00 денари/литар

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28416/novo-namaluvane-na-gorivata-od-polnok/