30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На последното рочиште обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде што биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаите од психијатриските вештачења.

Zito akcija 640x289px

Кај првообвинетиот Љупчо Палевски- Палчо, при претресите, имало пронајдени различни папки и документи, како и комуникации на социјалните мрежи.

Agria

„На 27.11.2023 осум инстант пораки од кои една во 7:29 на турски јазик. А останатите на 4.12.2023. комуникација на Ватсап и Фејсбук. На Фејсбук се користени девет различни профили од кои што во интерес се две комуникации остварени на 1.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил на 23.11.2023“, рече обвинителката.

Во однос на пораките ги има во периодот од 30.11.2023 до 3.12.2023, таа рече дека е пронајдена комуникација на Вибер со лице по име Драган кој според комуникацијата се наоѓа во Москва, на кого обвинетиот Палевски на 1.12.2023 во порака му пишува дека на 5.12.2023 планира да стигне во Москва, па бара од него помош да го земе од аеродром.

Според доказите, пукано е од само половина метар врз Вања, од задната страна, додека се движела по калта. Доказите кои ги презентираше Обвинителството покажуваат дека Вања клечела кога бил извршен нападот. Во калта на местото на злосторството бил пронајден отисок од нејзините патики и кал под нејзините нокти, што укажува на нејзина одбрана пред да биде ликвидирана. Овој податок дополнително ја засилува теоријата за свирепоста на убиството, како и укажува на тоа дека Вања била жива и свесна за нападот што следувал.

На изминатите рочишта сведочеа најблиските од семејството на Вања и на Панче, и полициски службеници, вклучени во истрагата. Еден од сведоците, Гоце Трајковски е во бегство, откако полицијата го сомничи за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода. Неколку пати не се појави на судските рочишта, иако неговата мајка го оправдала отсуството поради здравствени проблеми.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски како првообвинет, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Сите обвинети се изјаснија дека се невини.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: