Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители СветиКирил и Методиј. 

Zito akcija 640x289px

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално секоја година со повеќе свечености ги одбележува 24 Мај –  Денот на светите Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот и годишнината од своето основање. И оваа година, УКИМ ќе го одбележи својот патронен празник без традиционалните чествувања.

Agria

„Дел од чествувањата, наградувањето на најдобрите студенти, промовирањето на почесни звања и титули ќе се одржат, се надеваме во подобри времиња кои ќе се создадат по масовната имунизација на вработените на УКИМ и на населението во земјава“, соопштуваат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Чинот на положување цвеќе ќе се одржи пред споменикот на светите Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки. Притоа ќе се почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Тие се родени во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани преку Дунав, на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21030/opaga-brojot-na-hospitalizirani-paczienti-vo-veles-bolnichki-se-lekuvaat-15-licza/