Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно, со локален, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени, а вредноста на УВ зрачењето ќе изнесува 8.
За утре се очекува промена на временската слика. Ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со локален, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 34 степени.
Временска прогноза за среда, четврток и петок:
Можеби ќе ве интересира: