Денеска средба Пендаровски – Мицкоски, ќе се разговара и за 27-април

mickoski pendarovski
mickoski pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Zito akcija 640x289px

Тие ќе разговараат за настаните од 27 април и за општата состојба во државата, како политичка, така и економска.

Agria

Претседателот Пендаровски по најавата за денешната средба само кусо коментира дека е добро што по девет месеци некомуницирање, се воспоставила комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија. Тоа, вели Пендаровски, може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, што многу недостига во нашата земја.

По завршувањето на средбата, најавено претседателот Пендаровски да одржи прес-конференција.

Мицкоски на брифинг со новинарите, рече дека на ваков начин се одмрзнуваат односите меѓу  партијата и претседателот Пендаровски, затоа што, како што посочи, на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители. Одмрзнувањето на односите со Пендаровски, Мицкоски го оцени како поддадена рака во, како што нагласи, можеби најтешките историски времиња на нашата државност.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: