Денеска стартуваше пописот на населението, министерот Бојан Маричиќ на увид

popis
popis

Денес од страна на министерот за правда, Бојан Маричиќ, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, како и директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, и официјално беше означен стартот на процесот на спроведување на пописот на населението и домаќинствата.

Zito akcija 640x289px

„Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од политичките фактори се расчистени. Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните“, потенцираше Маричиќ.

Agria

Околу 5055 реонски попишувачи и 506 реонски инструктори ќе го прават попишувањето кое денес стартуваше во затворите, дипломатските и конзуларни претставништва, потоа на дијаспората, бездомниците и припадници на АРМ во странство.

Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведува до 21. април.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: