Денеска започна вакцинацијата на медиумските работници

vakcinacija mediumski rabotnici

Денеска во Арената Борис Трајковски започнува вкцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почнува денеска од 8.20 до 10.30 часот.

Zito akcija 640x289px

Во оваа група се опфатени 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.

Agria

Здружението на новинарите соопшти дека лицата кои се пријавиле на првиот повик, а кои не ги исполниле условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.

Новинарските здруженија им препорачаа на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.

Во текот на оваа недела ќе се вакцинираат и вработените во обвинителството, судовите и инспекциските служби, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19960/kakvo-vreme-ne-ochekuva-denes/