Денеска започнува караванот за вакцинација против коронавирусот

ministerstvo za zdravstvo

Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Zito akcija 640x289px

Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19.

Agria

Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин”.Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава.

Министерството за здравство соопшти дека располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 303 354, на оздравени пациенти е 292 048, а на починати е 9 180. Активни се 2.126 Ковид случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/28516/germanija-najde-zamena-za-ruskiot-gas/