Денеска започнува вакцинацијата на децата

Fajzer vakcvina vo Makedonija

Од денеска започнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега има пријавено 1798 лица, а единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување.

Zito akcija 640x289px

Тие ќе се вакцинираат со вакцината Фајзер, во вакцинални пунктови во градот во кој живеат, или кој го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје, и тоа во поликлиниките Букурешт – 402, во Јане Сандански 287, а во Чаир 110.

Agria

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се  272 129.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22335/teshko-povreden-e-46-godishen-vozach-vo-zheleznichkata-nesreka-kaj-gorno-orizari/