Големо дерби во македонскиот женски фудбал е на сцена. Екипата на велешки Борец го пречекува ланскиот шампион Љуботен. Ланскиот дуел меѓу овие две екипи кој беше одигран во Велес, предизвика многу контроверзии, кога гостите се жалеа дека по натпреварот биле физички нападнати од членови на управата на клубот. Од ЖФК Борец таквите обвинувања веднаш ги демантираа.
Управата на Борец и покрај добрите резултати оваа сезона на фудбалерките на Борец се реши за промена на тренерската позиција. Тоше Нацев од пред неколку дена повеќе не е тренер на Борец, а неговото место на денешниот натпревар ќе го води Небојша Бреџан кој доаѓа од ФК Земун, Република Србија.
Во пресрет на денешното дерби кое се игра на градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес против моменталниот лидер на табаелата, екипата на Љуботен од клубот се потврдени и две нови засилувања. Станува збор за Миа Велинова и Стефанија Ристова кои доаѓаат од ЖФК Интернационал од Охрид.
Натпреварот помеѓу Жфк Борец и Жфк Љуботен ќе можете да го следите во живо на фан страната на батали.нет со почеток во 14.00 часот.
Можеби ќе ве интересира: